43 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

 Денеска, среда (30.12.2015) со почеток во 12.30 часот, во амфитеатарот на Технолошко-Mеталуршкиот факултет - Скопје ќе заседава Советот на општина Карпош со следниов дневен ред:

 

-          Усвојување на Записникот од четириесет и втората седница на Советот на Општина Карпош

 

1.      Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на Советот на Општина Карпош за 2015 година,

2.      Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2016 година,

3.      Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Карпош за 2016 година,

4.      Предлог-Решение за именување на претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 2016 година,

5.      Предлог-Одлука за утврдување критериуми за доделување на еднократна парична помош за новородено и посвоено дете – жител на Општина Карпош за 2016 година,

6.      Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување членови во управниот одбор на Јавна установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“-Општина Карпош, Скопје

7.      Предлог-Решението за разрешување и именување членови во училишниот одбор на општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“-Општина Карпош, Скопје

8.      Предлог-Решението за разрешување и именување членови во училишниот одбор на општинското основно училиште „Лазо Трповски“-Општина Карпош, Скопје,

9.      Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот план за 2016 година на Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“, Општина Карпош-Скопје,

10.  Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот план за 2016 година на Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје,

11.  Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот план за 2016 година на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје и

12.  Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот план за 2016 година на Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје.