Пензионерски игри

ПЕТТИ ПЕНЗИОНЕРСКИ ИГРИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ   (20.10.2015)

По повод Денот на Општината 3 Ноември, по петти пат се одржаа традицоналните Пензионерски спортски игри.

Граѓаните на Карпош од третото доба, од пензионерските друштва, Тафталиџе и Карпош, си ги одмерија силите во пет дисциплини и тоа: пикадо (мажи и жени), скок во далечина (мажи), фрлање ѓуле (мажи и жени), трчање 60 метри (жени) и трчање 80 метри (мажи) како и влечење јаже (мажи и жени).

                        На годинешните Пензионерски  спортски игри по повод Денот на Општина Карпош постигнати се следните реаултати:

Во дисциплината пикадо за мажи прво место освои Богдан Стојковски од ПД Карпош, второто место му припадна на Борче Здравковски од ПД Тафталиџе и третото Бранко Милев од ПД Тафталиџе.

                        Во пикадо за жени првите три места ги освоија Верче Смилковска - прво, Ратка Илиевска, второ, а третото  место и припадна на Јулијана Зикова, сите три членки на  ПД Тафталиџе.

Во дисциплината фрлање ѓуле за мажи трофеите ги понесоа: запрво место - Павле Трајковски, второто Иван Кралкевски и третото за Александар Алексовски сите членови на ПД Тафталиџе.

Во фрлање ѓуле за жени, првото место го избори Цвета Ивановска, од ПД Карпош, второто на Лепосава Митковска од ПД Тафталиџе, а Борка Стојковска од ПД Тафталиџе го освои третото место.

Во дисциплината „скок од далечина“ победничките места им припаднаа на  Иван Кралевски од ПД Тафталиџе, прво, Мирко Михајловски од ПД Карпош –второ и третото на Аце Стојановски од ПД Карпош.

Во дисциплината трчање на 80 метри за мажи победник е Павле Трајковски од ПД Тафталиџе, второ место освои Митко Михајловски од ПД Карпош и третото Аце Стефановски од ПД Карпош.

 Во трчање на 60 метри за жени победнички се: Пандора Тодоровска од ПД Тафталиџе, Весна Ивановска од ПД Карпош и Јорданка Јордановска од ПД Карпош кои редоследно освоија прво, второ и трето место.

Во последната дисциплина влечење на јаже во женска и во машка конкуренција, победници се членовите на ПД Карпош.

За најдобрите спортисти, раководителот на спорт и култура при локалната самоуправа, Патрик Поповски им ги додели пехарите за успешно завршени спортски натпревари.

 

                       

 Фотографии погледнете на следниов линк

https://picasaweb.google.com/112376818986983168533/October202015?authuser=0&feat=directlink