Меѓународен пливачки турнир

МЕЃУНАРОДЕН ВАТЕРПОЛО ТУРНИР ВО ОПШТИНА КАРПОШ

 14-15 ноември 2015

 ВК„Раднички“од Крагуевац e победник на  Меѓународниот ватерполо турнир 13ти   Ноември’’ кој по повод  Денот на град Скопје  се одржа минатиов викенд  (14-15 ноември 2015) на базенот на СЦ „Борис Трајковски“ . Второто место му припадна на ВК „Бета“ од Скопје, а на третата позиција се искачија бугарите од ВК„Чрноморец“ (Бургас). Четврти завршија ватерполистите од ВК „Локомотив“ (Софија).

Општина Карпош по втор пат финансиски ја  поддржува оваа спортска манифестација која е од меѓународен карактер.

              

По одиграните три кола резултатите беа следниве:

 

1 Коло

ВК„Раднички“ - ВК„Чрноморец“   17:7

ВК „Бета“ - ВК „Локомотив“ 19:10

 

 

2 Коло

ВК„Раднички“ - ВК „Локомотив“   5:4

ВК „Бета“ - ВК„Чрноморец“   9:7

 

 

3 Коло

 ВК „Бета“ - ВК„Раднички“      9:12

ВК „Локомотив“ - ВК„Чрноморец“   4:9