Културни локации

 

 МИ­ЛЕ­НИ­УМ­СКИ КРСТ ЗА 2.000 ГО­ДИ­НИ ХРИ­СТИ­ЈАНС­ТВО

 

РЕК­РЕ­А­ЦИ­ЈА И ЗА­БА­ВА НА ПА­ДИ­НИ­ТЕ НА ВОД­НО

 

На над­мор­ска ви­со­чи­на од 1.066 ме­три, на вр­вот од пла­ни­на­та Вод­но - ви­стин­ско ужи­ва­ње. На нај­ви­со­ка­та точ­ка на пла­ни­на­та, на ме­сто­то поз­на­то ка­ко Кр­сто­вар,  е из­гра­ден 66-ме­тар­ски­от Ми­ле­ни­ум­ски крст. Пре­крас­ни­от па­но­рам­ски пог­лед на скоп­ска­та кот­ли­на е ви­стин­ски­от мо­тив за по­се­та на оваа ту­ри­стич­ка де­сти­на­ци­ја.

 

Ми­ле­ни­ум­ски крст не­ко­гаш и де­нес

Не­по­сред­но над гра­дот Скоп­је, Ми­ле­ни­ум­ски­от крст е кон­стру­и­ран во 2002 го­ди­на. Овој ре­ли­ги­о­зен сим­бол за вер­ност, мо­ли­тва и бла­го­со­стој­ба е из­гра­ден во чест на 2.000-го­диш­но­то хри­сти­јанс­тво во Ма­ке­до­ни­ја. Ар­хи­те­ктон­ско­то де­ло на  Јо­ван Сте­фа­нов­ски-Жан и на Оли­вер Пе­тров­ски е ком­би­на­ци­ја од хра­брост и од умет­ност. На поз­на­то­то ме­сто Кр­сто­вар, што зна­чи „ме­сто на кр­стот“, во ми­на­то­то се на­о­ѓал по­мал крст, па из­град­ба­та на го­ле­ми­от Ми­ле­ни­ум­ски крст ток­му та­му е од огром­но зна­че­ње. Прив­леч­но­ста на де­сти­на­ци­ја и кли­ма­та, ко­ја е при­јат­на и ти­пич­но пла­нин­ска, ре­зул­ти­ра со го­ле­ма по­се­те­ност од си­те ге­не­ра­ции. Во вна­треш­но­ста на кр­стот е вгра­ден лифт кој ве но­си на ви­со­чи­на од ко­ја про­из­ле­гу­ва­ат пре­крас­ни фо­то­гра­фии, а адре­на­ли­нот не пре­ста­ну­ва да рас­те. Ме­сто­по­лож­ба­та е од огром­но зна­че­ње за ту­ри­стич­ки­те по­се­ти и за ре­кре­а­тив­ни­те друж­би.

 

Жич­ни­ца­та „Ми­ле­ни­ум­ски крст“ - бла­го­дат за по­ста­ри­те

Жич­ни­ца со ка­би­ни ја по­вр­зу­ва ре­ла­ци­ја­та од Сред­но Вод­но до Ми­ле­ни­ум­ски­от крст. Пред са­мо две го­ди­ни, до ло­ка­ци­ја­та ка­де е по­ста­вен ре­ли­ги­оз­ни­от хри­сти­јан­ски сим­бол бе­ше по­те­шко да се стиг­не и по­ра­ди тоа по­ре­тко мо­же­ше да се ужи­ва во ни­ски­те тем­пе­ра­ту­ри кои ги ну­дат кли­мат­ски­те ус­ло­ви на вр­вот од пла­ни­на­та. Две­го­диш­но­то функ­ци­о­ни­ра­ње на жич­ни­ца­та ги до­не­се на нај­ви­со­ко­то ме­сто на пла­ни­на­та Вод­но и најм­ла­ди­те и нај­ста­ри­те. Жич­ни­ца­та рас­по­ла­га со 28 ка­би­ни со но­си­вост од 640 ки­ло­гра­ми и со ка­па­ци­тет од осум ли­ца, ка­ко и со две елит­ни ка­би­ни за че­ти­ри ли­ца. Око­лу жич­ни­ца­та има др­ве­ни ку­ќич­ки кои ну­дат осве­жи­тел­ни пи­ја­ло­ци и су­ве­ни­ри, ка­ко и из­лет­нич­ки клу­пи и ма­си за од­мор и за опу­шта­ње во пре­крас­на­та при­ро­да. Во­зе­ње­то од Сред­но Вод­но до Ми­ле­ни­ум­ски­от крст трае 15 ми­ну­ти, а до­де­ка се во­зи­те мо­же­те да ужи­ва­те во пре­крас­ни­от пог­лед од ви­со­чи­на.

 

Уба­ви­на и спо­кој во ед­но

Оваа пре­крас­на пла­нин­ска иди­ла е со­вр­ше­но ме­сто за ду­ше­вен мир и спо­кој. Со са­мо­то при­стиг­ну­ва­ње на вр­вот ќе ве из­не­на­ди го­сто­прим­ли­во­ста на вра­бо­те­ни­от тим од „Пла­ни­нар­ски дом“, кој во зим­ски­от пер­и­од од го­ди­на­та ќе ве стоп­ли со тра­ди­ци­о­нал­но­то ќум­бе на др­ва и со то­пол чај, а лет­но вре­ме ќе ве осве­жи со лад­ни­те пи­ја­ла­ци на те­ра­са­та со пог­лед кон глав­ни­от град.  За опу­шта­ње, ви пре­по­ра­чу­ва­ме по­се­та на оваа де­сти­на­ци­ја од ко­ја ќе до­би­е­те но­ви кре­а­тив­ни мис­ли, а ва­ша­та ду­ша ќе би­де на­хра­не­та со спо­кој и мир.

 

 

Аква­дукт и Ску­пи

ВРВ­НИ СПО­МЕ­НИ­ЦИ ОД ВРЕ­МЕ­ТО НА РИМ­СКА­ТА ИМ­ПЕ­РИ­ЈА

 

Во не­до­пре­на при­ро­да, во ти­вки­от дел од на­сел­ба­та Виз­бе­го­во, се на­о­ѓа Скоп­ски­от аква­дукт. На се­вер од цен­та­рот на гра­дот, ме­ѓу скоп­ска­та твр­ди­на Ка­ле и ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет Ску­пи, ќе се срет­не­те со ме­сто ка­де ќе мо­же­те це­лос­но да се опу­шти­те од се­којд­нев­ни­те актив­но­сти и да из­бе­га­те од град­ски­от ме­теж. Тој е из­гра­ден над до­ли­на­та на ре­ка­та Се­ра­ва, на над­мор­ска ви­со­чи­на од око­лу 300 ме­три. Ста­ри­от ка­мен го ове­ко­ве­чу­ва вре­ме­то на Рим­ска­та Им­пе­ри­ја и ја до­ка­жу­ва те­шка­та и на­пор­на из­вед­ба на овој об­јект.

 

АКВА­ДУ­КТОТ ВО ВРЕ­МЕ­ТО НА РИМ­СКА­ТА ИМ­ПЕ­РИ­ЈА

Ју­сти­ни­ја­но­ви­от аква­дукт се сме­та де­ка да­ти­ра од 527-554 го­ди­на, од­нос­но од вре­ме­то на Рим­ска­та Им­пе­ри­ја и Ју­сти­ни­јан 1. Ова ме­сто би­ло од го­ле­мо зна­че­ње би­деј­ќи се сме­та­ло де­ка пре­ку не­го се спро­ве­ду­ва­ла во­да од из­во­рот Ла­во­вец во се­ло­то Глу­во на Скоп­ска­та Цр­на Го­ра, до „топ­џи­ска­та ка­сар­на“ од­нос­но Му­ста­фа-па­ши­на­та џа­ми­ја. Ра­сто­ја­ни­е­то ме­ѓу Скоп­ска Цр­на Го­ра и Аква­ду­ктот е око­лу 10 ки­ло­ме­три. Долг е 386 ме­три и има 54 глав­ни сво­до­ви и 42 олес­ну­вач­ки за­сво­де­ни отво­ри кои се по­ста­ве­ни над стол­бо­ви­те. Во­да­та се пре­не­су­ва­ла со це­вки кои оде­ле од за­пад кон исток. Спо­ред мис­ле­ње­то на Про­ко­пиј, хро­ни­чар на вла­де­е­ње­то на Ју­сти­ни­јан 1, се ве­ру­ва­ло де­ка по­ра­ди слич­но­ста на из­град­ба­та на Аква­ду­ктот со Кур­шум­ли ан во Скоп­је, тој не по­тек­ну­ва од ви­зан­ти­ски пер­и­од ту­ку се из­гра­дил во 15 век, ко­га глав­ни­от град поч­нал по­ле­ка да се збо­га­ту­ва со ис­лам­ски град­би. Ова мис­ле­ње про­из­лег­ло би­деј­ќи на ама­ми­те и на џа­ми­и­те, при из­град­ба­та и функ­ци­о­ни­ра­ње, би­ле по­треб­ни го­ле­ми ко­ли­чес­тва во­да.

 

ИЗ­РА­БО­ТКА НА АКВА­ДУ­КТОТ

Град­ба­та на овој из­во­нре­ден об­јект, кој да­ти­ра од дам­неш­но вре­ме, е од ре­чен и кр­шен ка­мен во ка­ра­кте­ри­стич­ни ре­до­ви од ту­ла. Од вкуп­но 42 олес­ну­вач­ки отво­ри, на 32 там­па­но­ни­те се сру­ше­ни, до­де­ка са­мо 10 се со­чу­ва­ни. Чел­ни­те ѕи­до­ви се од ме­шо­ви­та ѕи­да­ри­ја, ка­мен и ту­ла во ва­ров мал­тер, со ар­хи­вол­ти и над­во­реш­ни ла­ко­ви од ту­ла, над кој има на­долж­ни оград­ни ѕи­до­ви исто та­ка од ме­шо­ви­та ѕи­да­ри­ја. Ре­кон­струк­ци­ја на аква­ду­ктот е на­пра­ве­на по зем­јо­тре­сот во 1963 го­ди­на, ко­га би­ле по­пра­ве­ни три сво­да и два стол­ба кои пад­на­ле од зем­јо­тре­сот. Спо­ред мис­ле­ња­та на мно­гу­те исто­ри­ски истра­жу­ва­чи, аква­ду­ктот бил по­вр­зан со гра­дот Ску­пи, кој прет­ста­ву­ва град од рим­ско и доц­но ан­тич­ко вре­ме.

 

ПО­ЧЕ­ТО­ЦИ­ТЕ НА ГРА­ДОТ СКУ­ПИ

Гра­дот Ску­пи е ар­хе­о­ло­шки ло­ка­ли­тет кој се на­о­ѓа на пет ки­ло­ме­три се­ве­ро­за­пад­но од Скоп­је, во не­по­сред­на бли­зи­на на се­ло­то Зло­ку­ќа­ни. Исто­ри­ски­от ло­ка­ли­тет да­ти­ра уште од кра­јот на 19 век. Ка­ко нај­ста­ри на­о­ди од ова ме­сто се гру­па гро­бо­ви од ше­сти до ос­ми век п.н.е. Ар­хе­о­ло­шки­те иско­пу­ва­ња на Ску­пи поч­на­ле ин­ци­дент­но пред Вто­ра­та свет­ска вој­на, а Му­зе­јот на град Скоп­је, ка­ко има­тел на ло­ка­ли­те­тот, со си­сте­мат­ски истра­жу­ва­ња поч­нал во 1966 го­ди­на и со ма­ли пре­ки­ни тие кон­ти­ну­и­ра­но се из­вр­шу­ва­ат до ден-де­нес. На рим­ски­от град Ску­пи по 15. го­ди­на од на­ша­та ера, му се слу­чи­ла ко­ло­ни­за­ци­ја и ур­ба­ни­за­ци­ја, по фор­ми­ра­ње­то на про­вин­ци­ја­та Ме­зи­ја. Спо­ред по­лож­ба­та, го­ле­ми­на­та, че­твр­те­ста­та ос­но­ва, по­стои го­ле­ма ве­ро­јат­ност де­ка гра­дот се раз­вил од ле­ги­ски­от ло­гор во вре­ме­то на ца­рот До­ми­ци­јан, во кој има­ло и ста­ро­се­дел­ци со па­јон­ско и дар­дан­ско по­тек­ло.

 

ВО­ЗОБ­НО­ВУ­ВА­ЊЕ НА РИМ­СКИ­ОТ ГРАД СКУ­ПИ

Ску­пи, во те­кот на вто­ри­от век, до­би­ва осо­бе­но ре­пре­зен­та­ти­вен лик при што по­себ­но и цен­трал­но ме­сто за­зе­ма мо­ну­мен­тал­ни­от те­а­тар. Ску­пи на­стра­дал во ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес , а по 518 го­ди­на пре­ста­ну­ва ур­ба­но­то жи­ве­е­ње на рим­ски­от град.

Ску­пи е град кој ги отво­ра тај­ни­те пор­ти на еден на­род кој жи­ве­ел со мош­не ин­те­ре­сен ре­ли­ги­о­зен жи­вот. По­твр­да за тоа се ар­хе­о­ло­шки­те на­о­ди кои де­нес се на­о­ѓа­ат во Му­зе­јот на гра­дот Скоп­је, ка­ко и иско­пи­ни­те на са­ми­от ло­ка­ли­тет. 

 

Оваа ло­ка­ци­ја е исто­ри­ски зна­чај­на, а во­ед­но ме­сто за ре­ла­кса­ци­ја и про­ме­на од се­којд­нев­ни­те слу­чу­ва­ња.

 

  

 

 

ХАВ­ЗИ-ПА­ШИ­НИ­ТЕ КО­НА­ЦИ ВО БАР­ДОВ­ЦИ - НЕ­ИЗ­МЕР­НО ИСТО­РИ­СКО БО­ГАТ­СТВО

По­сто­е­ње­то на ко­на­ци­те на Хав­зи-па­ша

 

Се­ло­то Бар­дов­ци, кое изо­би­лу­ва со пре­крас­на при­ро­да и ша­ре­ни­ло од цве­ќи­ња во се­кој се­ме­ен двор, е ед­но од нај­прив­леч­ни­те ме­ста за се­кој ту­рист. Ток­му та­му се на­о­ѓа поз­на­ти­от исто­ри­ски об­јект - Хав­зи-па­ши­ни­те ко­на­ци.

Да­ти­ра­ат уште од пр­ва­та по­ло­ви­на на 19 век, од око­лу 1830 го­ди­на до 1845 го­ди­на. Во да­леч­на­та 1820 го­ди­на, Хав­зи-па­ша ста­нал скоп­ски па­ша. Во Скоп­је тој жи­ве­ел са­мо не­кол­ку го­ди­ни. По­доц­на го на­пу­штил Скоп­је, а по­тоа по­чи­нал.

По­се­та­та на ова ме­сто ќе ве вра­ти во вре­ме­то на Бал­кан­ска­та и Пр­ва­та свет­ска вој­на, ко­га не­кои од згра­ди­те во ко­на­ци­те би­ле се­ри­оз­но оште­те­ни. Се­пак, глав­ни­те стан­бе­ни  згра­ди се це­лос­но со­чу­ва­ни. Во оваа со­стој­ба би­ле сè до кра­јот на Вто­ра­та свет­ска вој­на. Во 1944 го­ди­на ко­на­ци­те би­ле из­го­ре­ни и уни­ште­ни од гер­ман­ски­те вој­ски, а де­не­ска тие се го­ли ѕи­до­ви. До­кол­ку са­ка­те да ја за­поз­на­е­те ар­хи­те­кту­ра­та од то­гаш­но­то вре­ме, не­ма да згре­ши­те ако дој­де­те ту­ка, со тоа што ќе има­те пре­крас­на мож­ност да ги ви­ди­те еден од нај­вид­ни­те спо­ме­ни­ци на стан­бе­на­та ар­хи­те­кту­ра на Бал­кан­ски­от По­лу­о­стров од вре­ме­то на фе­у­дал­но­то уре­ду­ва­ње. Ме­ѓу мно­гу­број­ни­те ко­на­ци со слич­на на­ме­на из­гра­де­ни од Тур­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, на Ко­со­во, во Бос­на и во Ср­би­ја, се истак­ну­ва де­ка ко­на­ци­те во Бар­дов­ци би­ле нај­го­ле­ми и се ве­ру­ва де­ка тие би­ле  над дру­ги­те по стил­ска­та обра­бо­тка и по де­ко­ра­тив­но­то бо­гат­ство.

 

Исто­ри­ја­та на ко­на­ци­те

 

Чиф­ли­гот во Бар­дов­ци се од­ли­ку­ва со отво­рен си­стем на из­град­ба и ур­ба­ни­стич­ка дис­по­зи­ци­ја во по­ста­ву­ва­ње­то на це­ли­на­та. На­сел­ба­та во Бар­дов­ци се со­сто­е­ла од два де­ла, а тоа би­ле сел­ска­та на­сел­ба и ко­на­ци­те. Хав­зи па­ша, од­де­лу­вај­ќи ги ко­на­ци­те од на­сел­би­те, им овоз­мо­жил по­до­бри ус­ло­ви на чиф­лиг­џи­и­те откол­ку што има­ле тие што жи­ве­е­ле во на­сел­би­те од за­тво­рен тип. Жи­во­тот на гос­по­да­рот, со це­ла­та не­го­ва фа­ми­ли­ја, ка­ко и со прис­луж­ни­ци, чу­ва­ри и при­друж­ба, бил ор­га­ни­зи­ран во го­ле­ма­та згра­да на ко­на­ци­те.

 

Вна­треш­на­та стру­кту­ра на ко­на­ци­те на Хав­зи-па­ша

 

Хав­зи-па­ши­ни­от комп­лекс бил огра­ден со ви­со­ки ѕи­ди­ни од пет ме­три. По дол­жи­на­та на ѕи­до­ви­те, од над­во­реш­на­та стра­на, би­ле рас­по­ре­де­ни осум ку­ли кои слу­же­ле за од­бра­на во слу­чај на евен­ту­ал­ни на­па­ди и та­му сто­е­ле стра­жа­ри­те.

Спе­ци­јал­на­та згра­да ко­ја се на­о­ѓа­ла во сре­ди­на­та од комп­ле­ксот, во ко­ја се пов­ле­ку­вал гос­по­да­рот, слу­же­ла за пос­лед­на од­бра­на во слу­чај на во­ен на­пад. Згра­да­та ко­ја би­ла на­ме­не­та за зат­скри­ва­ње на гос­по­да­рот со це­ло­то се­мејс­тво, би­ла  со ти­пи­чен рас­по­ред за мус­ли­ман­ска­та вна­треш­на ар­хи­те­кту­ра за сре­ду­ва­ње на еден стан­бен про­стор. Згра­да­та би­ла по­де­ле­на во два де­ла, во сред­ни­от дел се на­о­ѓал се­лам­лу­кот, од­нос­но згра­да за ма­жи, до­де­ка во источ­ни­от дел бил ха­рем­лу­кот, т.е. згра­да­та во ко­ја жи­ве­ат же­ни­те и де­ца­та од се­мејс­тво­то.

За­пад­ни­от дел, пак, бил на­ме­нет за ко­њуш­ни­ца­та, а се­кој од двор­ци­те рас­по­ла­гал со по­мош­ни згра­ди. Ме­ѓу глав­ни­те згра­ди на са­ми­от пре­гра­ден ѕид, се на­о­ѓа­ла згра­да во фор­ма на ку­ла, ко­ја би­ла из­гра­де­на од ка­мен и има­ла по­ве­ќе со­би во при­зем­је­то и на ка­тот. Овој про­стор слу­жел ка­ко риз­ни­ца, ма­га­цин за оруж­је, а и ка­ко ме­сто ка­де што гос­по­да­рот со не­го­ви­от пер­со­нал се пов­ле­ку­вал во слу­чај на на­пад од не­при­ја­те­лот.

Во ко­на­кот има­ло по­ве­ќе вле­зо­ви, а глав­ни­от бил во ма­шки­от дел, по­кри­ен со мал по­крив. Згра­да­та би­ла на­пол­но си­ме­трич­на и се со­сто­е­ла од при­зем­је и од кат без виз­ба. При­зем­је­то би­ло гра­де­но од кр­шен ка­мен и ва­ров мал­тер, до­де­ка ѕи­до­ви­те на ка­то­ви­те би­ле од др­вен бон­друк ис­пол­нет со пе­че­на ту­ла. Та­ва­нот и по­крив­на­та кон­струк­ци­ја на „спа­су­вач­ка­та“ згра­да би­ле од др­вен ма­те­ри­јал, а по­кри­вот од пли­тка ке­ра­ми­да. Во про­сто­ри­и­те во ко­на­кот, ѕи­до­ви­те на глав­ни­те со­би би­ле изра­бо­те­ни во гипс, би­ле по­де­ле­ни на па­ноа, а та­ва­ни­ци­те би­ле укра­се­ни со бо­га­та про­фи­ла­ци­ја. Ка­ми­ни­те во со­би­те и чеш­ма­та во са­ло­нот би­ле од мер­мер и од гипс.

 

Све­че­но­сти во ко­на­кот во Бар­дов­ци

 

 

Хав­зи-па­ши­ни­от ко­нак се од­ли­ку­ва со хол кој се на­о­ѓа на пр­ви­от кат од згра­да­та, а кој, во исто вре­ме, се ко­ри­стел и за го­лем број све­че­но­сти. И во де­неш­но вре­ме про­стор­ни­от дел на ко­на­ци­те на Хав­зи-па­ша, се ко­ри­сти за ор­га­ни­зи­ра­ње го­ле­ми за­ба­ви, при што по­се­те­но­ста е огром­на. Ка­ко ту­ри­сти на­мер­ни­ци во овој ло­ка­ли­тет, не са­мо што ќе на­пра­ви­те од­лич­ни фо­то­гра­фии, поч­ну­вај­ќи нај­пр­во од влез­на­та пор­та на ко­на­ци­те, вна­треш­ни­от дел кој изо­би­лу­ва со стар ка­мен и оста­то­ци од исти­от, ту­ку ви пред­ла­га­ме да го за­поз­на­е­те це­ло­то се­ло Бар­дов­ци и  си­гур­ни сме  де­ка ва­ша­та по­се­та не­ма да би­де пос­лед­на. 

 

    

Пан­те­леј­мон, Гор­но Не­ре­зи

ДУ­ХО­ВЕН МИР НА ПА­ДИ­НИ­ТЕ НА ВОД­НО   

Во не­до­пре­на­та при­ро­да на пла­ни­на­та Вод­но, на са­мо осум ки­ло­ме­три ју­го­за­пад­но од Скоп­је, на те­ри­то­ри­ја­та на Оп­шти­на Кар­пош се на­о­ѓа 12 ве­ка ста­ра­та ма­на­стир­ска цр­ква „Св.Пан­те­леј­мон“, ко­ја е сме­сте­на во нај­мир­но­то се­ло - Гор­но Не­ре­зи.  По­се­та­та на ова ме­сто мо­же са­мо да ве на­пол­ни со ду­хов­на уба­ви­на, оста­вај­ќи ве да по­то­не­те во ми­ри­сот на цр­ков­но­то кан­ди­ло и да ја по­чув­ству­ва­те ма­ги­ја­та на при­ро­да­та. Све­ти­от ве­ли­ко­ма­че­ник Пан­те­леј­мон ро­ден во Ни­ко­ди­ни­ја, де­неш­на Ма­ла Ази­ја, по­тек­ну­вал од по­бож­но се­мејс­тво. Тој уште во ра­но­то дет­ство се за­ни­ма­вал со про­у­чу­ва­ње на те­о­ло­ги­ја­та, но, исто та­ка, и со ме­ди­ци­на.  До ден де­не­шен, се сме­та за еден од нај­го­ле­ми­те за­штит­ни­ци на здрав­је­то би­деј­ќи, во тоа вре­ме, бил вр­вен до­ктор и ис­це­ли­тел по­ра­ди што се­ко­гаш на фре­ски­те на ико­ни­те е прет­ста­ву­ван ка­ко мла­до мом­че кое во ед­на­та ра­ка др­жи скал­пел, а во дру­га­та  ку­ти­ја со ле­ко­ви. За вре­ме на не­го­ви­от жи­вот има ис­це­ле­но мно­гу­бро­ен на­род, но во 323 го­ди­на, по­ра­ди љу­бо­мор­ни­те до­кто­ри во то­гаш­но­то вре­ме, три па­ти на­мер­но го осу­ду­ва­ат, а  че­твр­ти­от пат, то­гаш­ни­от цар Ма­кси­ми­ли­јан Пр­ви на­ре­дил не­го­во­то те­ло да би­де фр­ле­но во ог­не­на печ­ка и та­ка по­стра­дал за­ра­ди Хри­ста. Во не­го­ва чест е из­гра­ден  цр­ков­ни­от храм „Св.Пан­те­леј­мон“, кој ви го од­зе­ма зди­вот и ве оста­ва во вос­хи­ту­ва­ње од ве­ли­ко­душ­но­ста. 

Из­гра­ден е од оби­чен крш­лив ка­мен, из­ва­ден од око­ли­на­та на ма­на­сти­рот, но со го­ле­мо мај­сторс­тво ка­ме­ња­та се вгра­де­ни во по­ли­хром­ни по­вр­ши­ни што да­ва­ат сли­ка на об­јект кој ка­ко да израс­нал од ед­на мо­но­лит­на кар­па, ко­ја во гор­ни­от дел за­вр­шу­ва со ед­на по­го­ле­ма ос­мо­стра­на и че­ти­ри по­ма­ли че­ти­ри­стра­ни ку­по­ли. Исто­ри­ја­та на оваа цр­ква е го­ле­ма. Да­ти­ра од 1164 го­ди­на, а таа би­ла из­гра­де­на со средс­тва­та на ви­зан­ти­ски­от принц Але­ксеј, син на Кон­стан­тин Ан­гел  и Те­о­до­ра, најм­ла­да­та ќер­ка на ви­зан­ти­ски­от им­пе­ра­тор Але­ксеј Пр­ви Ком­нен. Са­ми­от кти­тор на овој ма­на­стир ре­кол: „Јас не дој­дов ов­де да из­гра­дам ве­ле­ле­пен  храм, ту­ку дој­дов да из­гра­дам мал  храм со го­ле­ма вна­треш­на ду­хов­ност и уба­ви­на“. Гле­дај­ќи ја се­ко­ја фре­ска и се­кој вгра­ден ка­мен, овој ма­на­стир е бо­гат со ед­на ду­хов­на топ­ли­на и мо­ли­тве­на спи­ра­дост.

Ќе се из­не­на­ди­те ко­га ќе слуш­не­те од ку­сто­сот Жар­ко Бр­њар­чев­ски, до­де­ка ве во­ди низ ми­на­то­то на ду­хов­ни­от храм „Св.Пан­те­леј­мон“, де­ка во 1555 го­ди­на, ко­га во овој крај се слу­чил еден од по­сил­ни­те зем­јо­тре­си, об­је­ктот е це­лос­но со­чу­ван. Освен из­гу­бе­на­та цр­ков­на ку­по­ла, во ко­ја што се прет­по­ста­ву­ва де­ка бил нас­ли­кан Исус Хри­стос Пан­то­кра­тор, ка­ко и фи­гу­ри­те на про­ро­ци­те фла­ки­ра­ни од стра­ни­те на осум­те про­зор­ци, не е поз­на­то ка­кви би­ле и кол­ку на­стра­да­ле ста­ри­те ма­на­стир­ски ко­на­ци. Но, и по­крај оваа за­гу­ба, ка­лу­ѓе­ри­те во тоа вре­ме на ропс­тво под Ос­ман­ли­и­те, со по­мош на гра­ѓа­ни­те, ус­пе­а­ле во це­лос­на­та ре­кон­струк­ци­ја на цр­ков­ни­от храм. Над влез­ни­те пор­ти  ќе се со­о­чи­те со без­вре­мен­ски­от за­чу­ван нат­пис, вре­жан во мер­мер­на­та пло­ча ко­ја ги да­ва ос­нов­ни­те по­да­то­ци за цр­ква­та: „Овој ве­ле­ле­пен  храм е по­диг­нат во чест и спо­мен на ве­ли­ко­ма­че­ник Пан­те­леј­мон, од стра­на на ви­зан­ти­ски­от принц Але­ксеј I Ком­нен за­ед­но со не­го­ва­та ќер­ка Те­о­до­ра во сеп­тем­ври 1164 го­ди­на“. Во вна­треш­но­ста на овој умет­нич­ки спо­ме­ник, со­чу­ван е не­ве­ро­ја­тен фре­ско­пис, изра­бо­тен од ве­шти­те ра­це на не­поз­нат умет­ник од Кон­стан­ти­но­пол - Ца­ри­град. За во­о­ду­ше­ву­ва­ње­то да би­де уште по­го­ле­мо, по стол­бо­ви­те и ѕи­до­ви­те ќе ги за­бе­ле­жи­те нас­ли­ка­ни све­ти­те­ли­те, ове­ко­ве­че­ни во ме­дал­јо­ни, со не­над­мин­лив ко­ло­рит и екс­пре­сив­ност, ме­ќу кои осо­бе­но се истак­ну­ва­ат ли­ко­ви­те на све­ти­те вра­чи Куз­ман и Дам­јан. Во по­себ­ни  ко­па­ни­чар­ски рам­ки, обра­бо­те­ни со ор­на­мент од преп­лет на ши­ро­ки ли­сто­ви од лоз­ни­ца  и сти­ли­зи­ра­ни па­у­ни, се нас­ли­ка­ни од ед­на стра­на па­тро­нот на цр­ква­та св. Пан­те­леј­мон,  а од дру­га­та св. Бо­го­ро­ди­ца со ма­ли­от Хри­стос в ра­це.

 

Не­ве­ро­јат­но чув­ство е да би­де­те та­му и да ја за­тек­не­те це­ре­мо­ни­ја­та вен­ча­ва­ње и кр­ште­ва­ње. Нас­ме­а­ни­те ли­ца и ис­пол­не­ти пог­ле­ди на мла­ди­те и нај­ми­ли­те се уште еден до­каз де­ка во ма­на­стир­ска­та цр­ква и до ден-де­нес се одр­жу­ва­ат раз­ни чи­но­ви ка­ко што е све­то­то тај­но вен­ча­ние и све­то­то тај­но кр­ште­ние. Са­мо­то вен­ча­ва­ње и кр­ште­ва­ње се прос­ле­де­ни од пе­е­ње­то на цр­ков­ни­от хор, што ја пра­ви це­ре­мо­ни­ја­та по­све­че­на и не­за­бо­рав­на. Око­ли­на­та и при­ро­да­та, ка­ко и над­во­реш­на­та и вна­треш­на­та уба­ви­на на це­ли­от об­јект, оп­кру­жен со зе­ле­ни­ло, ка­ко и ре­сто­ра­нот за не­за­бо­рав­ни мо­мен­ти ја зго­ле­му­ва­ат жел­ба­та за ове­ко­ве­чу­ва­ње на ми­го­ви­те на за­до­волс­тво и сре­ќа. Ја пре­по­ра­чу­ва­ме оваа лет­на де­сти­на­ци­ја ка­ко уни­кат­на и единс­тве­на, за се­кој кој ќе по­са­ка да из­бе­га од скоп­ски­от ме­теж. Не­ка го сто­ри тоа во овој бож­ји храм и не­ка го по­ба­ра сво­јот ду­ше­вен спо­кој и мир.