СПОРТИСТИТЕ ОД ООУ „ПЕТАР ПОП АРСОВ“ НА СРЕДБА КАЈ ЈАКИМОВСКИ

 Основците од ООУ „Петар Поп Арсов“, денеска се сретнаа со градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.    Дружејќи се со првиот човек на локалната самоуправа, учениците ги споделија своите спортски искуства и се  пофалија со признанието за најуспешен училишен спортски клуб во Македонија кое им беше доделено на неодмнешната манифестација „Спортисти на годината“.