ИНТЕНЗИВИРАНА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА

 Изградбата на новата административна зграда на Општина Карпош се одвива со засилено темпо. Денес, првиот човек на локалната самоуправа, градоначалникот Стевчо Јакимовски беше во обиколка и контрола на текот на работите на новиот објект на Општината.

                        Инаку во тек е завршување на работите на покривната конструкција, поставување на термоиизолација и заштита од протекување. Во внатрешниот дел на зградата се работи на поставување на преградните ѕидови како и заокружување на изолација на целиот објект поради поголема енергетска ефикасност. Покривот треба да биде завршен за десеттина дена, а вселувањето во новата зграда треба да биде во текот на мај идната година.