Димо Хаџи Димов

  ОУ Димо Хаџи Димов

Училиште:

Димо Хаџи Димов

Урбана заедница:

Влае

Адреса:

ул „Ангел Динев“ бр.5 

Телефон:

20 41 635

E-mail:

dimohdimov@yahoo.com

Веб страна:

http://www.ou-dimohdimov.edu.mk/

Директор:

Лидија Водјаник 072/268-031

Кратка биографија:

ОУ „Димо Хаџи Димов” се наоѓа на ул. „Ангел Динев” бб во населба Влае-Скопје. Училишната зграда е од монтажен и павиљонски тип, изградена непосредно по катастрофалниот земјотрес 1963 год. Наставниот процес се реализира во повеќе објекти, пет засебни бараки зависно од активностите. Во најава е изградба на нов модерен училишен објект.

Реонот на Општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“, ја опфаќа територијата на урбаната заедница Влае 1, Влае 2 што се простира на исток до р.Вардар, на север до ул „Ацо Шопов“, на запад до бул „Македонска војска“ и на југ до ул „Теодосије Гологанов“.

Училиштето располага со училишен простор од 4944 м2 и дворна површина од 19947 м2.

Наставата во ОУ „Димо Хаџи Димов” се реализира во две смени со приближно рамномерен број на паралелки и ученици. Во училиштето учат 982 ученици во 49 паралелки, а се вработени 93 лица. Наставата се одвива на македонски наставен јазик. ОУ „Димо Хаџи Димов“ организира и продолжен престој.

Училиштето е збратимено со ОУ „Никола Карев“ - Луцерн (Швајцарија)

Патронен празник:

20 Октомври