Основното училиште Братство - Скопје дејствува како самостојно училиште, се наоѓа на ул „Московска“ бр.18, во чиј склоп има и подрачно училиште во с.Г.Нерези. Во него се образуваат и воспитуваат ученици на македонски и албански јазик.
Училиштето е изградено после земјотресот во 1964 година (монтажно училиште-англиски тип).
Реонот на Општинското основно училиште „Братство“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Тафталиџе 2 што се простира на исток до ул „Московска“, на север до бул„Партизански Одреди“, на запад до р.Вардар и на југ до ул „Теодосије Гологанов“ и населените места Горно и Средно Нерези.
Училиштето располага со 3426 м2 училишен простор и дворно место од 16751 м2. Во склоп на училиштето има една фискултурна сала и две асфалтирани игралишта за кошарка и ракомет како и детско игралиште изградено од Општината.
Од прво до деветто одделение има вкупно 28 паралелки,14 македонски и 14 на албански јазик. Во нив учат 274 Македонци и 301 Албанци. Во училиштето се организира и проширена програма (продолжен престој). Воспитно образовна и друга дејност во училиштето вршат 57 лица.
Училиштето Братство е збратимено со ОУ „Јахја Кемал“ - Бурса (Р.Турција)
|