Почетоците на воспитно-образовната и педагошката дејност на училиштето Лазо Трповски се во 1969/70 година, во новоизградената зграда. Училишната зграда е од цврста градба и располага со голем училишен простор на приземје и еден кат. Училиштето е лоцирано во средишниот дел на Карпош 3 на ул „Радика“ бр.9.
Реонот на Општинското основно училиште „Лазо Трповски“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Карпош 3 што се простира на исток до ул „8 Септември“, на север до бул „Илинден“, на југ до бул „Партизански Одреди“ и на запад до ул „Љубљанска“.
Вкупната квадратура на училиштето изнесува 6492 м2, а на училишниот двор 65511 м2.
Во училиштето учат 507 ученици распоредени во 22 паралелка во една ипол смена. Во училиштето вработени се 49 лица кои остваруваат воспитно-образовна и друга административно-техничка работа. Наставата во ОУ „Лазо Трповски“ се одвива на македонски јазик. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици.
|