Вера Циривири Трена

  ОУ Вера Циривири Трена

Училиште:

Вера Циривири Трена

Урбана заедница:

Карпош 2

Адреса:

ул „Руѓер Бошковиќ“ бр.9

Телефон:

30 68 507, 3073-069

E-mail:

oou.veraciriviri@gmail.com

Веб страна:

veraciriviritrena.edu.mk

Директор: Снежана Карас (контакт: 078/243-335)
Кратка биографија:

OУ „Вера Циривири Трена“ - Скопје е централно самостојно деветгодишно училиште. Лоцирано е во населбата - Карпош 2 на улица „Руѓер Бошковиќ“ бр.9. Училишната зграда е изградена во 1963 година, а дневниот престој е изграден 1975 година од тврд материјал. Зградата е приклучена на градска топлификациона мрежа.

Реонот на Општинското основно училиште „Вера Циривири Трена“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Карпош 2 што се простира на исток до ул „Никола Тесла“, на север до бул „Илинден“, на југ бул „Партизански Одреди“и на запад до ул „8 Септември“

Училишниот простор изнесува 3600 м2 и 10080 м2 голема уредена дворна површина: асфалтирани спортски терени, игралишта, патеки и уреден дел како парк. Училиштето работи во смена и половина за 404 ученици распоредени во 20 паралелки, а се вработени 45 лица. Наставата се изведува на македонски јазик. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици. ОУ „Вера Циривири Трена“ е збратимено со ОУ „Кочо Рацин“ - Прилеп и ОУ „Шандор Петеси“ - Нови Сад (Р.Србија)

Патронен празник: 15 Мај