НОВОГОДИШЕН БАЗАР ЗА КАРПОШАНИ

 Во организација на Секторот за развој при Општина Карпош,  денеска официјално започнаа со работа тезгите на традиционалниот Новогодишен базар. Оваа година за прв пат тие се наоѓаат во просториите на надвозникот Влајко, каде условите за работа дозволуваат прошетката на потрошувачите да биде подолготрајна и повоочлива. Љубителите на рачно изработени предмети, украси, облека како и производи за здрав живот, по поволни цени ќе можат да уживаат во пазарењето во наредните три дена, односно до 31 декември.