ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА СЕКТОР ИНСПЕКТОРАТ (2015година)
Секторот се состои од три одделениja:
1.ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИСТИЧКА И ГРАДЕЖНА ИНСПЕКЦИЈА
2.ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА
3.ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕТО НА РАБОТИТЕ ОД ДРУГИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ НА ОПШТИНАТА
1.ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИСТИЧКА И ГРАДЕЖНА ИНСПЕКЦИЈА
1.2 ГРАДЕЖНА ИНСПЕКЦИЈА
2.ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА
2.1 КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА
2.2 ИНСПЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
2.3 ИНСПЕКЦИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ
3.ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕТО НА РАБОТИТЕ ОД ДРУГИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ НА ОПШТИНАТА
3.1 ИНСПЕКЦИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ
Програмата за работа на Секторот инспекторат е дадена по одделениеја и е изработена согласно со надлежностите кои се засноваат врз вршењето на инспекцискиот надзор над примената да законската регулатива за секој инспектор поединечно.
Работните задачи и активности што ќе ги извршува Секторот инспекторат во предлог програмата за 2015 година, се систематизирани по области:
- инспекциски надзор;
- аналитичко-информативна дејност;
- соработка со секторите во општината;
- норматива за имплементација на сите закони од надлежност на ЕЛС, како и примената на сите прописи
произлезени од истите закони;
- обуки и работни состаноци со вработените во секторот и
- спроведување на Политиката за квалитет ИСО 9001:2008
ГРАДЕЖНА ИНСПЕКЦИЈА
Овластениот градежен инспектор во текот на 2015 година активностите за вршење на инспекцискиот надзор ги применува следниве законски и подзаконски акти:
- - Закон за градење ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13 и 163/2013, 27/14, 38/14, 42/14, 115/14, 149/14, 180/14, 187/14, 44/15 и 129/15 );
- - Закон за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/10, 162/10, 157/11,147/3, 41/14 и 33/15);
- - Закон за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/05,110/08, и 51/11), и
- - Правилници, одлуки и други подзаконски акти.
Обем на работите
Овластениот градежен инспектор врши инспекциски надзор над градби од втора категорија:
- градби наменети за основно и средно образование;
- градби од областа на културата;
- градби за потребите на органите и општините и Градот Скопје;
- индустриски градби;
- деловни градби;
- стопански градби;
Овластениот градежен инспектор во рамките на надлежностите има право да врши инспекциски надзор:
- во текот на градбата
- изградба на објект кога во него се врши пренамена на конструктивните елементи во поглед на нивната механича оторност, стабилност и сеизмичка заштита, како и пренамена од станбен во деловен простор и обратно
- спроведува едукација на лиза или субјект каде што ќе утврди сторена неправилност.
За вршењето на инспекцискиот надзор овластениот градежен инспектор води дневник, доставува Годишен извештај за предходната година до Советот на Општината.
КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА
Работните активности на овластен комунален инспектор во текот на 2015 година ќе се засноваат врз вршење на инспекциски надзор над примената на следните законски и подзаконски акти:
- Закон за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија“ бр.111/08, 64/09, 88/10, 114/10, 23/11, 53/11, 80/12 и 163/2013);
- Закон за комунални дејности („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/12, 163/13 и 42/14);
- Закон за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/10, 162/10, 157/11,147/3, 41/14 и 33/15);
- Закон за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/05,110/08, и 51/11)
Одлука бр.07-7312/3 од 27.10.2014 година за отстранување на хаварисани возила од јавни површини на подрачјето на Општина Карпош - Скопје.
Одлуки, Уредби и Правилници
Инспекцискиот надзор инспекторот го врши на јавните површини и на отворените простори на јавните објекти кои се од јавен интерес од локално значење, согласно со закон.
Овластениот комунален инспектор врши инспекциски надзор над:
- јавните претпријатија за вршење за комунални дејности основани од општините, односно општините во градот Скопје;
- се чисти снегот;
- при одржување на јавни манифестации е остранет сметот;
- физички и правни лица на кои општината им доверила вршење на соодветни комунални дејности согласно со закон;
ИНСПЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Законската рамка која ја регулира инспекциската служба опфаќа широк спектар на закони и подзаконски акти со кои се уредува организацијата, надлежностите и постапката на вршење на надзор од страна на овластениот инспектор за животната средина на општина Карпош.
Овластениот инспектор за животна средина во текот на 2015 година за работните активности за вршење на инспекцискиот надзор ќе ги применува следните законски и подзаконски акти:
- Закон за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/10, 162/10, 157/11,147/3, 41/14);
- Закон за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/05,110/08, и 51/11)
- Закон за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14);
- Закон за заштита од бучавата во животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/07, 124/10, 47/11 и 163/13);
- Закон за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија“ бр.68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 134/08, 123/124/10, 51/11, 147/13 и 163/13);
- Закон за амбиентален воздух („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12 и 163/13);
- Закон за водите („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/08, 6/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 161/09, 163/13 и 180/14)
Одлуки, Уредби и Правилници кои се донесени од страна на надлежните државни органи и локалната самоуправа, овластениот инспектор по животна средина тековно ќе реализира неопходни работни должности во согласност со добиените преставки од граѓани и други органи, како и по сопствено видување.
Основна задача на инспекторот е да ги идентификуваат субјектите кои при вршењето на активностите не се придружуваат кон законската регулатива и да преземат мерки за нивно санкционирање на повредите на законските процедури.
ИНСПЕКЦИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ
За вршење на инспекциски надзор на овластениот инспектор за домување ќе бидат применети следните законски и подзаконски акти:
- Закон за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 162/10, 157/11, 147/3 и 41/14);
- Закон за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр.99/09, 57/10, 36/11, 54/11, 13/12, 55/13, 163/2013 и 42/14);
- Закон за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/05, 110/08, 51/11);
- правилници и уредби.
Права и должности на инспекторот
Овластениот инспектор за домување, согласно член 118 став 1 од Законот за домување, врши инспекциски надзор над:
- станбени;
- станбно-деловни и
- деловно-станбени згради.
За реализација на Годишната програма, овластениот инспектор ќе изготвува и месечни оперативни планови и истите ќе ги доставува до раководител на Сектор.
ИНСПЕКЦИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ
Овластениот даночен инспектор во текот на 2015 година активностите за вршење на инспекциски надзор ќе ги применува следните законски и подзаконски акти:
- Закон за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ бр.61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12 и 188/13);
- Закон за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 162/10,157/11, 147/3 и 41/14);
- Закон за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/05, 110/08 и 51/11)