ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ

Претседател на Советот на Општина Карпош - Андреј Манолев  

 

 

 

 

Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев  е професор по спорт и спортски активности во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“.

 

Завршил Факултет за физичка култура на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” - Скопје. Учествува во организацијата и развојот на средношколскиот спорт како потпретседател на Здружението на професори по спорт на град Скопје. Активно учествувал во работилниците за јакнење на капацитетите на локалната самоуправа, начинот на финансирање и децентрализацијата на власта организирани од УНДП. Бил учесник на обуки за јакнење на вештините за тимска работа и развивање на комуникациските способности под покровителство на фондациите „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“.

На последните локални избори, тој  е избран за член на Советот во Општина Карпош.

На втората седница на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев едногласно беше избран за  Претседател на Советот.

Претседател е на Комисијата за спорт и Комисијата за доделување на еднократни парични средства од областа на спортот и член на Комисијата за урбанистичко планирање.

 

 

e-mail:  andrej.manolev@karpos.gov.mk

 

 

 Интервју со претседателот на Совет на општина Карпош (видео)