ПРАЗНИЧНА АТМОСФЕРА ВО ООУ ,,ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ’’

 Во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници, учениците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, денеска, организираа пригодна предновогодишна манифестација. Дружбата беше збогатена со музички изведби и танци, во кои учествуваа овогодишните победници на манифестацијата „Карпош има талент“. Неизбежни беа и новогодишните скечови кои ги изнасмејаа присутните до солзи.

Во свечена атмосфера беше претставена ученичката  од 8б одделение, Мила Саздова, која со своите успеси заслужено се здоби со титулата Светски првак во карате.

-         ,,Поминаа многу, а останаа само  уште неколку денови и часови до Новата 2016  година во која имаме визии, но и право да очекуваме се најдобро. Само соништата се важни, бидејќи ако сонувате за иднината, значи дека верувате во себе“ - беа зборовите на основците од „Христијан Тодоровски Карпош“.