АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА Е-ОТПАД ВО КАРПОШ

 

Секторот за екологија и енергетска ефикасност од општина Карпош, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, во декември ќе спроведе акција за преземање на опасниот електронски и електричен отпад од домаќинствата во Карпош.

 За таа цел, беа изработени налепници со информативна содржина, според кои граѓаните ќе можат да се обратат за одлагање на отпадот. Во тој случај, надлежните служби по повик од граѓаните ќе го преземат опасниот отпад од нивните домови. Информативните налепници кои беа наменски изработени  за оваа еколошка акција, ќе бидат истакнати на влезовите од колективните станбени објекти.

 Во оваа пригода ги повикуваме сите граѓани кои располагаат со ваков тип на отпад, да се обратат на телефонскиот број 070 236 000, со што директно ќе придонесат за одржување на здравата животна средина.